Насловна / Вести / Изложба на фотографии „Познато-непознато“ во „Јавна соба“

Изложба на фотографии „Познато-непознато“ во „Јавна соба“

Вечер, во просториите на „Јавна соба“ ќе биде отворена првата самостојна изложба на фотографии на Александра Стеваноска, насловена „Познато-непознато“.познато непознато1

На изложбата ќе бидат претставени фотографии со портрети на случајни улични минувачи, пејзажи и делови од архитектурата.

Карактерите на овие фотографии се изолирани и извадени од општествениот контекст. Тие се приказни како „фатени“ на дело, „фатени“ во нивниот процес на создавање или во нивното битисување. Заедничко на сите фотографии е тоа што укажуваат на нешто препознатливо за нас, а сепак непознато.познато непознато

Фотографиите се направени во периодот 2013 – 2015 година во САД, и тоа во Њујорк, Сан Франциско и националните паркови Поинт Лобос, Њу Порт Бич и Кармел Бич во Калифорнија.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top