Вечер (16 јуни) во објектот „Мала станица“ на Националната галерија на Македонија ќе биде отворена изложба на фотографии „Патот на Инките“.
Организатор на изложбата е амбасадорот на Перу за Македонија со седиште во Букурешт, Хозе Антонио Ароспиде дел Бусто. Оваа патувачка изложба се состои од 47 фотографии и е преземена од Романија.
На отворањето на изложбата, покрај перуанскиот амбасадор, ќе присуствува и почесниот конзул на Перу во Македонија, Ненад Јанакиевиќ.
Изложбата во Мала станица ќе биде поставена до 30 јуни.