„Барајќи светлина – фотографии од моите патувања“ е насловена изложбата на фотографии на Зоја Наскова, која од денеска до 4 октомври ќе биде поставена во хотелот „Дрим“ во Струга.
Авторката го набљудува светот низ фотографскиот објектив повеќе години. Преку фотографиите се стреми да ја долови радоста околу себе. Често патува и истражува, приватно и професионално. Задоволство и е впечатоците и новите видици да ги понесе со себе преку фотографски отпечатоци.
Наскова своето творештво го има прикажано на повеќе изложби низ Македонија, но и надвор од земјава како во САД, Чешка, Австрија…