Со почеток во 20 часот во четврток во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, ќе биде отворена изложба на фотографии „Кокино – Мистичен шепот низ вечноста“ од авторот Љупчо Илиевски.
Изложбата содржи 26 фотографии и е дел од поголемата збирка од 50 фотографии којашто беше промовирана во повеќе светски центри.
Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 15 јули.