Насловна / Вести / Изложба на фотографии „Киевско-печерска Ларва – украинското светилиште“

Изложба на фотографии „Киевско-печерска Ларва – украинското светилиште“

Изложба на фотографии насловена „Киевско-печерска Лавра – украинското светилиште“ вечер ќе биде отворена во Археолошкиот музеј на Македонија.

Поставката ја организираат Амбасадатата на Украина во Скопје во соработка со Министерството за култура на Република Македонија.timthumb.php

Изложбатa претставува историска и културна панорама на најпознатите цркви и манастири содржани во овој комлекс, каде што на автентичен начин е претставено духовното срце на Украина.

Изложбата се состои од 30 современи уметнички фотографии на Киевско – Печерски комплекс, кои претставуваат културно добро впишано во листата на Унеско, што претставува богатото културно наследство на Република Украина.

Изложбата во просториите на НУ Археолошки музеј за посетителите ќе биде отворена до 22 јуни и посетителите ќе можат да ја видат бесплатно.

Киевско печерска Лавра е основана во 1951 година првично како манастир во пештера. Се смета за еминентен центар на православното христијанство во Источна Европа и е ставен на листата на УНЕСКО за културно наследство.

Манастирскиот комплекс покрај тоа што претставува културна атракција е и жив манастир во кој престојуваат 100 монаси. Се смета за едно од седумте чуда на Украина.

Испрати коментар

Scroll To Top