Насловна / Вести / Изложба на единаесет македонски современи уметници во Азербејџан

Изложба на единаесет македонски современи уметници во Азербејџан

makedonska izlozba vo baku

Во Центарот за современи уметности во Баку, Азербејџан е отворена изложба на Арс Акта „Во потрага по заедничко тло“, на 11 македонски современи уметници.

Проектот одобрен од страна на Министерството за култура на Република Македонија и дел од програмата за прослава на дваесет годишната од воспоставување на дипломатски односи помеѓу нашата држава и Азербејџан.

Оваа изложба има за цел да презентира еден аспект од можните тематските преокупации на група автори кои се актуелни денес на македонската современа сцена, со дискурс кој е актуелен и во голема мера податен за поголемиот дел од земјите во транзиција и развој.

Проектот „Во потрага по заедничко тлоˮ ги преиспитува културните позиции и ре-позиции на македонската уметничка сцена.

Учесници на изложбата се Борис Шемов, Игор Сековски, ОПА ( Слободанка Стевческа и Денис Сарагиновски), Гоце Наневски, Славица Јанешлиева, Нада Прља, Александар Спасоски, Радмила Ончевска, Маја Кировска, Велимир Жерновски и Игор Тошевски.

Куратори на изложбата се Ана Франговска и Бојана Јанева Шемова.

Испрати коментар

Scroll To Top