Во уметничкиот центар Санта Моника во Барселона, отворена е изложбата Unseen на славната американска актерка Џесика Ланг.
Изложбата ја сочинуваат 134 фотографии настанати во последните две децении, а поголемиот дел од нив за првпат се претставени пред јавноста.
На времето кога требало да одлучи за својот животен позив, Џесика Ланг добила стипендија да студира фотографија, но нејзиниот живот отишол во друга насока, па одлучила да даде приоритет на драмската уметност.
Со годините, Џесика Ланг, исто така, станала ѕвезда на култните филмови и добитничка на два Оскари.
Сепак, на почетокот на 90-тите години на минатиот век, во Џесика Ланг повторно почнала да се буди страста за фотографија, и од тогаш не ја испушта камерата од рака.