Утре (10 декември) во галеријата „Остен“ во 12 часот ќе биде отворена изложба на графички дела на Душан Перчинков, која е во рамките на континуираната изложба Остен4арт.
На изложбата ќе бидат претставени 20 дела од уметникот од неколку негови циклуси.
Душан Перчинков е уметник на годината на манифестацијата ОСТЕНОВИ УМЕТНИЦИ НА ГОДИНАТА и носител на Посебно признание од жири за исклучителни уметнички достигнувања на ОСТЕН БИЕНАЛЕ на ЦРТЕЖ Скопје 2014.