Проектот од Годишната програма за 2018 година, Ретроспективно-монографската изложба на Драган Попоски Дада, НУ Национална галерија на Македонија ќе ја прикаже пред публиката на отворањето на 24 октомври 2018 година, (среда). И оваа изложба е организирана во рамките на одбележувањето на Јубилејот посветен на 70 годишнината од основањето на нашата институција.
Драган Попоски Дада е доајен на македонската современа скулптура, даде силен белег и остави неизбришливи траги во развојот и афирмацијата на македонската современа ликовна уметност.
Изложбата ќе биде отворена во 19 часот, во изложбениот простор на Даут пашин амам.
Растеж во вертикала, 1972, мермер
Растење. 1977. мермер
Самоилов војник, 1965, дрво