Насловна / Арт и дизајн / Изложба на дигитална уметност „Сѐ што доживуваме“ во „Концепт 37“

Изложба на дигитална уметност „Сѐ што доживуваме“ во „Концепт 37“

Во петок (8 јуни), во просторот на „Концепт 37“,  во 20.30 часот, ќе биде отворена изложбата на дигитална уметност „Сѐ што доживуваме“/All That We Perceive на Кервин Кендел Вилиамсон – визуелен уметник од Њујорк. Изложбата ќе промовира дигитални композиции кои се темелат или се инспирирани од уличната уметност во Њујорк. Авторот на делата со оваа изложба се претставува по седми пат пред македонската публика.D-Str-Art#414[S4]

Во периодот од октомври 2014 па до денес, Вилиамсон има изложувано самостојно и групно, во Отворено графичко студио (Музеј на град Скопје), две изложби во Младинскиот културен центар (Скопје), во Галерија 8, Коцепт 37. D-Str-Art#426[S4]

Покрај тоа, тој редовно изложува и во Њујорк.

„Сѐ што доживуваме“
 
Дигитална уметност и фотографија
 
Задлабочувајќи се во текот на свеста, деталите стануваат визуелно и ментално соодветни, тие се извадени од контекст и преработени во дигитална форма, водени од потсвесни привиденија на сето она што го доживуваме. Улиците на Њујорк и Скопје стануваат шаблон за креативни варијации, а и самите ние проектирани во него како дух во школка. На несакани и вообичаени аспекти им се дава нов живот…кој сега се вчитува. Оска на светлина низ тесна уличка, дел од графити нашкрабани на стаклени панели, менување на разни сцени со пешаци, делчиња од стара врата користена од стотици улични уметници (искината, уништена и вандализирана од други). Добиените композитни слики стануваат симболична врска помеѓу творецот и огромното море на податоци и можности.
 
Преку визуелни замисли од насобраните податоци, пред и по интернетот, ни сеосветлува чувството кое го имаме за целта или недостигот од неа. Ние сепак може да ги поврземе непредвидливите аспекти на урбаното живеење кои се чинат случајни, иако се извонредни.
 
Изложбата ќе промовира дигитални композиции кои се темелат или се инспирирани од уличната уметност во Њујорк. Делата ќе се соочат со моменталните перцепции на нашата урбана средина, презентирајќи ги алтернативните реалности коишто постојат само затоа што ние така сакаме.
 
Кервин Кендел Вилиамсон
 
* „Сѐ што доживуваме“/”All That We Perceive” е наслов на песна од Thievery Corporation
___________________________________

Испрати коментар

Scroll To Top