Изложба под наслов „Нова религија“ на светски познатиот и најбогат жив британски уметник Демиjен Хрст за првпат ќе биде отворена во Македонија, на 22 јуни, во Музејот на современата уметност (МСУ) во Скопје.
Дел од творештвото на Хрст, кој се смета за еден од најзначајните современи уметници и најважен претставник на „Млади британски уметници“, на публиката во оваа пригода ќе и’ биде претставено преку 44 графики работени во техника сито-печат и четири скулптури од неговиот циклус фрески.
Во овие дела авторот се занимава со животот, религијата, смртта и верата.
Изложбата ќе биде отворена до 11 август, а од 2005 година била презентирана во Лондон, Осло, Москва, Венеција и Гдањск.
Во Скопје се организира по повод 20-годишнината на работата на Британски совет и е резултат на соработката со галеријата „Пол Столпер“ од Лондон каде што за првпат „Нова религија“ била отворена.