Насловна / Арт и дизајн / Изложба на дела од Ресенската керамичка колонија во Прилеп

Изложба на дела од Ресенската керамичка колонија во Прилеп

keramicka izlozba vo prilep
Вечерва во галеријата на Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложба на дела од Ресенската керамичка колонија, на која ќе бидат претставени повеќе творби создадени од керамичари од целиот свет.

Ресенската керамичка колонија е формирана во 1973 година. Во овој период од 40 години, на меѓународните сесии во ателјето на Колонијата во Отешево се создадени повеќе од 1.000 уметнички дела во глина, од 238 автори, од 24 земји од целиот свет (САД, Нов Зеланд, Холандски Антили, Јужна Кореа, Данска, Швајцарија, Турција, Франција итн.) Дел од нив, околу 400, се изложени во Галеријата на современа керамика, во зградата Сарај во Ресен.

Во 2000 година, Ресенската керамичка колонија е примена под уставното име на нашава држава во Меѓународната академија за керамика при УНЕСКО, со седиште во Женева, во категоријата на професионални асоцијации.

Испрати коментар

Scroll To Top