Утре (18 мај) во 19 часот во Галеријата на Српската академија на науките и уметностите ќе биде отворена изложба на академик Глигор Чемерски, кој почина минатиот месец.
Како што информира МАНУ, на отворањето на изложбата ќе присуствуваат академиик Луан Старова, потпретседател на Македонската академија на науките и уметностите, и академик Влада Урошевиќ.
Сликарот и академик Глигор Чемерски почина во Скопје на 76 години. Роден е во Кавадарци во 1940 година, а се школувал во Скопје, Белград и во Париз. Во 1962 година првпат самостојно изложувал во Скопје, по што следуваа триесетина индивидуални изложби во Македонија и низ светот.