Насловна / Вести / Изложба на Чемерски во Москва

Изложба на Чемерски во Москва

518c06acf00850d1af87a43f5e91bba7

Изложбата „Во јадрото на Балканот – раката гледа“ на академикот Глигор Чемерски ќе биде претставена на 10 декември 2014 година во Москва, во галеријата на Руската академија на уметноста „Зураб Цератели“.

Изложбата е по повод неговата инаугурација во почесен член на Руската академија на уметностите „Императорска“ и е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.

Академикот Глигор Чемерски е првиот македонски уметник на кого му е укажана оваа огромна чест од страна на Руската академија.

Овој чин е своевидна универзализација на културните вредности на Македонија, признаени и препознаени од страна на Руската академија на уметностите, на чија покана, во најзначајното културно и уметничко средиште на Москва – Галеријата „Зураб Церетели“, во чест на инаугурацијата ќе се одржи изложба на дела на овој наш голем автор.

На изложбата во Москва ќе бидат изложени 43 дела од повеќе циклуси како своевидно ретроспективно претставување на повеќедецениското творештво на Глигор Чемерски.

Испрати коментар

Scroll To Top