Насловна / Вести / Изложба на бугарскиот уметник Иван Шопов во МКЦ

Изложба на бугарскиот уметник Иван Шопов во МКЦ

mkc

Во Младинскиот културен центар денеска во рамки на фестивалот на нови медиуми „Intermedia Day“ ќе биде отворена изложбата на графики „Светла и сенки“ од бугарскиот уметник Иван Шопов.

Во поставката се над триесет графики кои Шопов ги има реализирано во последните неколку години.

Изложбата е поддржана од Министерството за култура и Културно-информативниот центар на Бугарија во Република Македонија, додека иницијатор е „Скопје Вавилон“.

Шопов е мултиталентиран креативец, кој издава и музика под псевдонимите COOH и Balkansky,  ѝ припаѓа на младата генерација ликовни автори. Дипломирал на Софиската национална академија на уметностите, како првенец на генерација, а од 2008 година почнува да ги изложува своите дела низ Европа. Во 2011 година го објави компилациското ЦД „Светла и сенки“, кое содржи негови ликовни дела во дигитален формат.

Испрати коментар

Scroll To Top