Вечер во Археолошкиот музеј на Македонија ќе биде отворена трета изложба на работни археолошки фотографии со наслов Archaeology in Progress Vol.3, организирана од Институтот за археолошки истражувања – Скопје.
Целта на изложбата е да ја промовира археологијата и да ги претстави најдобрите фотографии изработени во изминатите неколку години на археолошките локалитети низ Република Македонија и низ Европа.
За организирање на изложбата Институтот објави конкурс на кој пристигнале околу сто фотографии. На изложбата ќе бидат претставени 30, избрани од стручно жири и со гласање на Фејсбук-страницата на Институтот за археолошки истражувања. За трите најдобри фотографии ќе бидат доделени симболични награди.
Изложбата во Археолошкиот музеј на Македонија ќе може да се посети до средината на ноември.