Насловна / Вести / Изложба на Александар Јанкулоски – Цане во Прилеп

Изложба на Александар Јанкулоски – Цане во Прилеп

јанкулоскицане

Вечерва (27 ноември) во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечерва, во 19:30 часот, ќе биде отворена изложба на слики од уметникот Александар Јанкулоски – Цане.

На изложбата ќе бидат изложени 26 дела.

Александар Јанкулоски-Цане е роден во Прилеп 1936 година. Дипломирал на ФЛУ во Скопје. Член е на ДЛУМ. Во 1961 година Јанкулоски ја имал првата самостојна изложба во Скопје. Се издвојува по тоа што изработува слики со „несликарски“ материјали – пепел, песок, струготини, горени дрва, бронза.

Имал повеќе самостојни изложби во земјата и во странство – Романија, Бугарија, Хрватска, Словенија, Србија, Белгија, Франција, Италија,Турција…

Учесник е и основоположник на неколку колонии и нивни уметнички раководител, како во земјата така и во странство. Александар Јанкулоски Цане за своето творештво е добитник на бројни награди и признанија, меѓу кои Нерешки мајстори, Лазар Личеновски, на Светско биенале на цртежи.

Испрати коментар

Scroll To Top