Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ во Скопје, вечерва, 17 ноември, ќе биде отворена изложба на слики од академскиот сликар Александар Филиповски.
Изложбата содржи 30 нови дела на Филиповски. За неговото творештвото ќе говори писателот Ефтим Клетников.
Александар Филиповски спаѓа во редот на истакнатите современи македонски сликари. Роден е во Никифорово, гостиварско во 1936 година. Учествувал на многу групни изложби, и досега имал дваесет и осум самостојни изложби во Скопје, Гостивар, Кочани, Куманово, Битола, Тетово, Велес, Штип, Гевгелија, Кавадрци и во Софија.
На изложбите презентира цртежи, линорези, акварели, темпери и масло.
„Матица македонска“ изработи специјален каталог во кое е презентирано најновото творештво на Александар Филиповски.