Насловна / Вести / Изложба „Музеј на женски приказни“ во Битола, Прилеп и Крушево

Изложба „Музеј на женски приказни“ во Битола, Прилеп и Крушево

PROMO-KARTICA

Во Битола, Прилеп и Крушево од 15 септември до 30 октомври ќе биде поставена изложбата проследена со разговори „Музеј на женски приказни“.

Организатор е Локомотива – центар за нови инцијативи во уметноста и културата, како дел од проектот „Културата во улога на територијален развој и социјална кохезија“, реализиран во рамки на програмата за Децентрализирана соработка меѓу регионот Долна Нормандија (Франција) и Македонија.

Проектот „Културата во улога на територијален развој и социјална кохезија“ почна во 2014 година. Проектот е програмски развиен и имплементиран од Локомотива, Скопје во соработка со областа на заливот Мон Сен Мишел од регионот Долна Нормандија, Франција.

– „Музеј на женски приказни“ е проект кој произлезе од идејата да се истражи, согледа и (ре)афирмира улогата на жената во општествено-политичкиот, социјалниот и семејниот контекст преку исчитување на културните значења, симболи, асоцијации, затскриени зад историските факти, од првата половина на 20-тиот век во Битола, Прилеп и Крушево со околината на Пелагонискиот регион, информира Локомотива.

Коавторки на „Музеј на женски приказни“ се Искра Гешоска, Христина Иваноска, Виолета Качакова и Биљана Тануровска-Ќулавковски.

Партнери во реализацијата на изложбата се Завод и музеј-Битола, Центарот за култура „Марко Цепенков“-Прилеп и Историскиот музеј Крушево.

Испрати коментар

Scroll To Top