Оваа година се одбележува 70 години од смртта на холандскиот сликар Пит Мондријан (1872-1944), кој бил еден од најважните креатори во развојот на апстрактната уметност на почетокот на 20 век. Во негова чест, „Тејт Ливерпул“ пред неколку дена ја отвори изложбата посветена на неговото творештво но и на неговите работни ателјеа, во коишто тој работел (во Париз, Амстердам и Њујорк).
.
Како дел од изложбата „Мондријан и неговите студија“ е направена и комплетна реконструкција на неговото париско ателје. Исто така, „Тејт Ливерпул“ со оваа изложба дава нов увид во практиката на Мондријан и неговите истражувања во однос на архитектурата и урбанизмот.
Изложбата ќе трае од 6 јуни до 8 октомври.