Денес, во 13 часот, во објектот Чифте амам во Скопје, ќе биде отворена изложбата „Мојот универзум“. Преку оваа изложба, Националната галерија на Македонија го одбележува Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби.
„Во таа насока беа организирани ликовни работилници на кои се изработуваа дела на стакло и коноп. На овие креативни работилници учество земаа учениците од ДУЦОР Партенија Зографски и гимназиите Орце Николов и Јосип Броз Тито. Преку моделот на Социјална инклузија се развива чувство на толеранција и почит кон различностите, а низ прекрасна дружба тие создадоа уметност. Имајќи го предвид значењето на оваа изложба, особена чест и задоволство ќе биде таа да биде презентирана пред пошироката јавност, а воедно да биде поттик за подобар третман за лицата со посебни потреби“, се наведува во соопштението.