Во петок (8 јули), во 20 часот, во Националната галерија на Македонија, објект Даут пашин амам, ќе биде отварена изложба на модни креации на студентите на Интернационалниот институт за мода „Изет Цури“ под наслов „Моделизам“.
Овој проект на Интернационалниот институт за мода е поддржан од Амбасадата на Франција во Р. Македонија, Францускиот институт и Општина Чаир.