Во Музејот на Македонија денеска ќе биде отворена изложбата на архивски документи „Млада Босна и сараевскиот атентат“, подготвена од Архивот на Република Српска во Бања Лука по повод 100-годишнината од Првата светска војна.
Изложбата е составена од 38 паноа на кои се претставени 249 експонати и е поделена на пет хронолошко-тематски целини: Млада Босна, Подготвувачи и извршители на сараевскиот атентат, Сараевскиот атентат, Јулската криза во 1914 година, и Страдањата на Србите во Босна и Херцеговина.
Презентирањето на изложбата во Скопје е резултат на соработката меѓу Државниот архив на Република Македонија и Архивот на Република Српска, за која беше потпишан протокол на 9 април 2012 година во Бања Лука.