Насловна / Арт и дизајн / Изложба Masterworks: Unpacking Fashion во Метрополитен

Изложба Masterworks: Unpacking Fashion во Метрополитен

Метрополитен музејот во Њујорк најави нова изложба насловена Masterworks: Unpacking Fashion, во организација на нивниот „Институт за костими“.мода метрополитен

Изложбата има за цел да се демистифицира модата и да ја направат разбирлива за секого. На изложбата ќе се најдат шеесет парчиња кои датираат од почетокот на 18 век до денес. Кураторот на изложбата Џесика Реган изборот го направила од повеќе од 1.000 примероци од историјата на модниот дизајн со помош на познатиот куратор на „Мет“, Ендрју Болтон.мода1

Историските костими ќе бидат поставени со најновите парчиња кои често биле инспирирани токму од нив. Така, на пример, фустанот на Azzedine Alaia од 1994 година ќе биде изложен со фустанот со крој на сирена од  Charles James од педесеттите години на 20 век, а ќе има и парчиња од модните куќи Versace, Tom Ford, Comme des Garçons, Jean Paul Gaultier, Iris Van Herpen и John Galliano.мода

Изложбата ќе биде отворена од 8 ноември до 5 февруари.

Испрати коментар

Scroll To Top