Изложбата „Круг и квадрат“ на ликовните автори Петра Јовановска и Валентина Илијевска, ќе биде отворена во четврток, во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
Преку 30-те дела коишто ќе бидат презентирани на изложбата, работени во комбинирана техника со нагласена употреба на колажот, графиката и дигиталниот принт, двете авторки ќе се обидат да ги претстават своите концепти и истражувања во рамките на современиот визуелен израз базиран на дигиталната технологија и геометризирана структура, движејќи се по скалата од симплифицирани решенија до сложено структуирани композиции.
Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 10 мај, а потоа ќе биде претставена пред љубителите на уметноста во Струмица во НУ Центар за култура „Антон Панов“.