Насловна / Арт и дизајн / Изложба „Имагинариум“ на современата македонска уметност во Шкотска

Изложба „Имагинариум“ на современата македонска уметност во Шкотска

Утре (4 ноември), со почеток во 18 часот, ќе биде отворена изложбата „Имагинариум“ во Грејовата школа за уметност на Универзитетот „Роберт Гордон“ во Абердин, Шкотска.
Изложбата содржи видеа од македонски уметници направени во последната деценија. Ова е досега најголемата изложба посветена на современата македонска уметност во Велика Британија.kovachevska

Верица Ковачевска
На отворањето ќе биде и промоцијата на книгата на д-р Џон Блеквуд, „Критичка уметност во современа Македонија“, издадена од „Мала Галерија“ со поддршка на „Карнеги фонд“ за универзитетите во Шкотска и Универзитетот „Роберт Гордон“ во Абердин.

uzunovski

Никола Узуновски

Кустос на изложбата е Џон Блеквуд, а од македонските уметници учествуваат Дарко Алексовски, Христина Ивановска, Владимир Јанчевски, Ѓорѓе Јовановиќ, Маја Кировска, Верица Ковачевска, Наташа Неделкова, ОПА, Нада Прља, Александар Спасоски, Игор Тошевски, Никола Узуновски и Јане Чаловски.

opa

ОПА

Изложбата  ќе биде поставена до 18 ноември.

Испрати коментар

Scroll To Top