Насловна / Архитектура / Изложба и публикација „Цртежи и скици во архитектурата“

Изложба и публикација „Цртежи и скици во архитектурата“

На 18. јуни, свечено беше отворена изложбата „Цртежи и скици во архитектурата“ во просторот на УК Пароброд во Белград. На мали формати, 22 x 22 центиметри, изложени се различни цртежи и скици на српски архитекти, од меѓувоените и повоените години, до современиот период.

На плакатите може да се препознаат многу иконични градби од Белград, Нови Сад, Ниш, Крагуевац или Ужице, за кои авторите зачувале цртежи од процесот на проектирање. Исто така можат да се видиат цртежи од патувања од различни европски дестинации, како и оние од Балканот. Цртежите на Венеција, Варшава, но и на Јадранското крајбрежје и Хиландар беа и останаа чест мотив на архитектите-патници.

Има и „необавезни чкртаници“, како што често архитектите ги нарекуваат своите цртежи, кои се создаваат во текот на секојдневната рутина, а кои особено ја истакнуваат експресивноста и уметничката рефлексија на авторот. Изложбата „Цртежи и скици во архитектурата“ за последен пат има ниво на национална селекција, бидејќи од следното биенално издание ќе добие регионален карактер.

 

Наградата „Слободан Миќа Рајовиќ“ посветена на цртачите

По тој повод, авторите на изложбата – историчарот на уметност Марко Стојановиќ и архитектите Владимир Стевановиќ и Ана Зориќ, ја доделија наградата „Слободан Миќа Рајовиќ“ за посветени цртачи во повеќе категории.

Архитектите Предраг Јаниќ, Зоран Матковиќ и Предраг Милутиновиќ беа наградени за цртачи во процесот на проектирање, за цртачи во настава наградени се архитектите Звонко Петковиќ, Небојша Фотириќ и Милош Аранѓеловиќ, архитектите Милан Ракочевиќ и Бранислав Илиќ наградени се за патеписни цртачи, за семејни цртачи наградени се архитектите Натко и Драган Маринчиќ.

Како поттик за младите цртачи, доделена е и награда на најмладиот учесник, архитектот Никола Војновиќ. Доделени се и две постхумни наградина архитекти кои со своите цртачки способности и посветеноста на цртежот, исто така, заслужиле да ја добијат оваа награда – архитектите Мустафа Мусиќ и Александар Виденовиќ.

Изложбата има за цел да ги поттикне архитектите повеќе да се посветат на цртежот, но и да ги зачуваат своите цртежи.

Со организирањето на изложбата се покажа дека цртежите и скиците се важен сегмент од архитектурата.

Прмоција на публикацијата на 25. јуни

Во рамки на изложбата, која ќе трае до 17. јули, во истиот простор, на 25 јуни се одржа и промоцијат на истоимената публикација, чии автори се Марко Стојановиќ и Владимир Стевановиќ.

Публикацијата е издадена од издавачката куќа Хера Еду, која со последните неколку изданија постепено се позиционира како значаен издавач на публикации од областа на историјата и теоријата на архитектурата.

По Белград, изложбата од октомври ќе ги посети Ниш и Нови Сад, а публикацијата ќе биде претставена на неколку стручни факултети во Србија.

Испрати коментар

Scroll To Top