Денес во просториите на Архитектонски факултет, УКИМ, во 14 часот, ќе биде отворена изложбата „Синагогите во источна и средна Европа во периодот 1782 – 1944 година“, во организација на самиот факултет и Унгарската амбасада во Р. Македонија.
На изложбата ќе бидат претставени синагоги кои се дел од еврејското национално богатство, а изложбата има за цел на сегашните и идните генерации да разберат дека тоа што се случило за време на Холокаустот во минатиот век било страшно и дека не треба да се повтори.
Исто така, во амфитеатарот на Архитектонски факултетот ќе има и предавање на професорот д-р Рудолф Клаин на тема „Архитектурата на синагогите од Хабзбуршката империја – типологија и културно значење“.