Денес (24 ноември), во 13 часот, во библиотеката на Архитектонскиот факултет – Скопје, ќе се отвори изложба посветена на архитектот и професор Мартин Гулески, добитник на наградата „Андреј Дамјанов“ за 2015 година, за животно дело, особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството во Република Македонија.
Исто така, во четврток (26 ноември), со почеток во 12 часот, професорот Гулески во амфитеатарот на Архитектонски факултет ќе одржи предавање насловено „Моето искуство од една инспирација“.