На 14ти јули 2017 во музејот Helmhaus, Цирих, беше отворена изложбата “работни и студиски стипендии на градот Цирих во 2017 година”.
На изложбата учествуваа 41 уметници кои беа номинирани за годишна стипендија за визуелна уметност на градот Цирих. Еден од учесниците и добитник на стипендија беше и македонската уметница Верица Ковачевска.
Вкупно седум уметници беа добитници на оваа парична награда на предлог на жирито, кое се состоеше од Доминик Ламли, професор на факултетот за уметност во Цирих, Пабло Мулер, историчар и критичар за уметност, Хинрих Сахс, уметник, Сабине Шашл, директор на музејот Haus Konstruktiv, и Надин Витлисбах, директор на галеријата Photoforum Pasquart.
Верица Ковачевска е родена 1982 година во Скопје. Во 2004 година дипломирала на универэитетот „Плимут“, Велика Британија, отсек Виэуелни уметности со театар и перформанс. Магистрирала во 2007 година на универэитетот „Кембриџ“, Велика Британија, отсек Уметност и обраэование. Од 2009 година живее и работи во Цирих.
Во својата уметност Ковачевска се занимава со перформанс, видео и инсталација, често креирајки дела кои се отворени на публиката за учество. Таа се фокусирана на повеќе современи проблеми во градовите денес како гентрификација, пост-индустриализација, оддржливости и климатски промени, надзор во јавен простор, и колективна меморија.
Досега има учествувано на голем број меѓународни иэложби и фестивали меѓу кои Манифеста 11 (Цирих); Ре.акт.феминизам, Akademie der Künste (Берлин); 4то Биенале на современи уметности (Москва); Белград: Неместа, Музеј на современата уметност (Белград); Ова не е портал фестивал (Лондон); 255 804 км2, Местна Галерија (Љубљана); Други можни светови, Casino Luxembourg – Forum d’art contemporain (Луксембург). Во нејзините самостојни изложби се вбројува Секојдневна уметност, Уметноста на секојдневието, Музеј на современата уметност (Скопје).
Повеќе информации: