Во Sumerset House во Лондон наскоро ќе биде отворањето на изложбата на Guy Bourdin, еден од најзначајните фотографи на минатиот век.
Првата изложба на дела од Guy Bourdin била отворена во 1950 година, кога тој сè уште не бил заинтересиран за фотографија туку со цртање и сликање. Две години подоцна, имал уште една изложба – овој пат предговорот му го напишал самиот Man Ray, чии влијанија се чувствуваат во многу негови работи. Guy Bourdin светот го напуштил во 1991 година, по години на соработка со најголемите модни публикации. Тој никогаш не работел за слава, а за време на неговиот живот не презентирал ниту еден свој албум на фотографии.
Така, Somerset House за прв пат ќе ја претстави серијата Walking Legs, која вклучува елегантни женски нозе, но само до колена и без нивните „сопственици“, како шетаат по англиските улици, плажи, градини и железничките станици. Изложбата ќе биде отворена до 15 март.