Од денес, па до 25 овој месец, во галеријата КО-РА во ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ ќе биде отворена изложбата „Граници“ на Дита Старова Ќерими и Шкипе Мехмети.
Овој проект е чин на храброст каде ликовните уметници Шќипе Мехмети и Дита Старова се обидуваат да ги пречекорат границите на познатото во своите дела и да се упатат кон некои нови и непознати предели на уметноста.
Посетителите ќе може да ја погледнат изложбата секој ден, освен понеделник, од 9 до 16 часот.