Во галеријата во прилепскиот Центар за култура „Марко Цепенков“ утре во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Фактурални завиткувања“ од ументикот Филип Перески од Прилеп.
Перески на првата самостојна изложба ќе се претстави со 10 скулптури.
Изложбата се отвора во рамките на манифестацијата „Милениумска вечер“ со која се одбележуваат 1000 години од постоењето на Прилеп.