Во чест на 400 години од смртта на големиот шпански уметник со грчки корени, Ел Греко (Doménikos Theotokópoulos, 1541-1614), мадридскиот музеј Прадо организира изложба „Ел Греко и современата уметност“. Идејата на организаторите преку поставката е да го прикаже влијанието на уметникот врз уметноста на 19 и 20 век преку 25 ремек-дела на Ел Греко и 75 дела од современи уметници. Изложбата во музејот Прадо ќе трае од 24 јуни до 5 октомври.