Насловна / Арт и дизајн / Изложба „Длабочина“ на Анита Огњановска

Изложба „Длабочина“ на Анита Огњановска

Вечерва, со почеток во 20 часот во НЛБ Галерија, љубителите на визуелните уметности ќе имаат можност да ја проследат самостојната изложба на Анита Огњановска насловена „Длабочина“. Изложбата ќе остане во НЛБ Галерија се до 19 март и ќе биде отворена секој работен ден од 8 до 18 часот и сабота од 8 до 16 часот.

Pokana za Izlozba

Триесетина дела масло и акрил на платно го прикажуваат патот на еден автор во откривањето на сопствениот свет и пронаоѓањето на својот личен ликовен израз, каде сликарскиот чин е ослободување од внатрешниот порив, интимен и потполно искрен микрокосмос.

27.2.2019.3

Огњановска го напаѓа платното со богата тонска скала и силен контраст, меѓу жолтата и црвената, продираат сината и зелената во силно композициско единство. Слободно ги нафрла боите врз платното, тие се прелеваат и во неконтролирана ерупција избиваат во просторот. Платната бликаат од живост и блескав колорит.

Сликарството и личниот ракопис на Анита Огњановска зрачат со сопствена поетика и посебна визуелна впечатливост кој овозможува препознатлив печат на нејзините дела.

27.2.2019.2

Испрати коментар

Scroll To Top