„Диктатура и демократија во ерата на крајностите – Сеќавање и спомнување“ е насловот на изложбата која ќе се одржи вечер (22 јануари 2015г.) во 19 часот во „Чифте Амам“ по повод 52-годишнината од потпишувањето на Елисејскиот договор помеѓу Германија и Франција.
Изложбата дава преглед на еден век од европската историја. Таа го раскажува 20 век како драматична приказна меѓу слободата и тиранијата, меѓу демократијата и диктатурата.
Плакатите се на германски јазик, брошурите на француски, албански и македонски јазик. Фотографиите потекнуваат од многу европски архиви.
Со потпишувањето на Елисејскиот договор тогашната Сојузна Република Германија и Република Франција го затворија поглавјето на германско-француското заколнато непријателство, а отворија ново поглавје на посебно пријателство и соработка кое трае веќе 52 години.