Изложбата ќе биде поставена во објектот Чифте амам, а ќе биде отворена на 7 март (среда), во 19 часот и ќе трае во текот на месец март. На отворањето на изложбата, свое обраќање ќе имаат професорот Ферид Мухиќ и Зорица Заева.
„Со почит кон светскиот ден на одбележување на борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност, претставуваме избор од шеесеттина дела од жени авторки застапени во Колекцијата на Националната галерија на Македонија. Во рамките на ова претставување ќе бидат изложени дела од македонските авторки од различни генерации, од првите авторки од Колекцијата на НГМ до денес и дела од жени-уметници од Југословенската колекција“, се вели во најавата за изложбата.
Борка Аврамова, Катја Ефтимова, Лена Стефанова, Анета Светиева, Менче Спироска, Ана Темкова, Илинка Глигорова – Суза, Мирослава Спироска – Мира, Билјана Унковска, Виолета Чауле, Вана Урошевиќ, Жанета Вангели, Лидија Вујисиќ, Вујка Радивојевиќ Бојарова, Татјана Миљовска, Марина Лешкова, Дијана Томиќ-Радевска, Лилјана Климова, Сузана Стефчевска, Нина Гештаковска-Цветановска, Лара Ташковска, Моника Десоска, Ана Андроска, Билјана Кајевиќ, Лилјана Кекеновска, Борјана Божиновска, Лела Хаџи Димова, Мира Апостолска, Марија Светиева, Емилија Божиновска, Наташа Станковска-Зафировска, Ива Димеска/Лидија Георгиева, Маријана Шијаковска, Сандра Соломонова, Александра Ристовска-Петрушева, Наташа Милованчев, Јасминка Новковска, Моника Мотеска, Дита Старова Ќерими, Ирена Паскали, Ивана Пирковска, Маја Кировска, Симонида Филипова-Китановска, Маја Рауник, Росица Лазеска, Виолета Чаповска, Мара Кокиќ, Олга Бенсон, Зора Петровиќ, Надежда Петровиќ, Маша Живкова, Весна Соколиќ, Вера Муртиќ, Љубица Сокиќ, Оливера Кангрга, Дана Докиќ, Олга Јевриќ, Марија Ујевиќ Талетовиќ