Насловна / Вести / Изложба „Четири еднакви спротивности“ на македонски уметници во Чешка

Изложба „Четири еднакви спротивности“ на македонски уметници во Чешка

cetiriednakvi

Изложбата „Четири еднакви спротивности“ на која се претставени дела на четворица македонски уметници, вчеравечер беше свечено отворена во галеријата „У анѓеличка” во чешкиот град Плзењ.

Градот Плзењ, кој е под заштита на УНЕСКО, од Европската комисија е избран за европски град на културата за 2015 година и е домаќин на низа културни настани во текот на овие 12 месеци.

Експозицијата, која ќе трае до 17 октомври, ја претставува работата на уметниците: Петра Јовановска, Христина Зафировска, Дејан Иванов и Сергеј Дамовски, кои во нивната работа користат различни теми и техники, јави дописникот на МИА од Прага.

– Тој проток и игра на форми и бои, симбиоза и истовремено различност е слична на интеракцијата на нашите две култури – паралелни линии кои заемно се допираат и трансформираат во прекрасна уметност. Тоа што ги зближува нашите две земји, Македонија и Чешка, е уметност сама по себе, истакна амбасадорот на Република Македонија во Чешка Паскал Стојчески на отворањето на изложбата во присуство на бројни љубители на уметноста и претставници на културниот и политичкиот живот.

Изложбата се одржува со поддршка од македонското Министерство за култура. Ликовните уметници, кои на чешката публика и се претставуваат со по 6-7 дела, имаат изложувано во Македонија и странство и учествувале и биле наградувани на афирмирани манифестации.

Испрати коментар

Scroll To Top