Изложбата „Балкански современ акварел“ во петок во 19 часот ќе биде отворена во Уметничката галерија во Куманово.
На изложбата ќе бидат презентирани акварели од 16 автори од Македонија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Србија, Хрватска и Турција. Куратор на проектот е Виктор Божурски, а изложбата ќе ја отвори проф.д-р Маја Јакимовска-Тошиќ.