Утре (30 април ), во 19 часот, во галеријата „Магаза“ во Битола, ќе биде отворена изложбата „Архитектурата како фактор на културна одржливост на македонските градови“, по повод промоцијата на истоимената книга, која го претставува научно-истражувачкиот проект изработен на Архитектонскиот факултет, УКИМ во Скопје, во соработка со Архитектонски факултет при Универзитетот во Загреб.
Проектот ја третира важноста на архитектурата како културна дисциплина за одржливиот развој на македонските градови, преку мерките и методите на консолидирање на реката Драгор со урбаното ткиво на градот Битола, според принципите на еколошкиот урбанизам.
Изложбата ќе биде отворена до 8 мај 2015 година.
Издавач на книгата е Архитектонскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.