Излезе од печат најновата книга на Д-р Петар Николовски, дипл. инж. арх. „Градежна физика – основа на енергетска ефикасност на згради“.
Издавач на книгата е Комора на овластени архитекти и овластени инженери, воведот е напишан од претседателката на КОАИ, магистар Кристинка Радевски, дипл, инж. арх.
Рецензијата ја потпишуваат: проф. д-р Александар Рајчиќ, дипл. инж. арх. од белградскиот Архитектонски факултет; prof. Scient. Counc. Dr. Aleš Krainer, arch. Member of Slovenian Academy of Engineering од Љубљана; и проф. д-р Димитар Назарски од Универзитет по архитектура, градежништво и геодезија во Софија.
Целата материја во книгата е систематизирана во 5 делови:
I Пренесување на топлина
II Иновативни материјали и системи за топлинска изолација
III Дифузија на водена пареа
IV Обновливи извори на енергија
V Практични пресметки низ примери
Книгата излегува во пресрет на новата македонска регулатива: Законот за градба и подазаконската регулатива на Законот за енергетска ефикасност – Правилник за енергетски карактеристики на згради и Правилник за енергетска контрола.
Доколку сте заинтересирани да набавите примерок од книгата, можете да ја нарачате преку e-mail: [email protected] со следните податоци: име и презиме, адреса, телефонски број за контакт при испорака. Цената на книгата изнесува 1.200 денари.