Високото реноме на меѓународен план како и општествената одговорност на ИЗИИС, уште еднаш се потврдуваат на дело со добивање грант за меѓународен проект од Европската Унија. Проектот CRISIS (http://www.crisis-project.org) Сеопфатна процена на ризикот на виталните сервиси и транспортна инфраструктура (Comprehensive RISk assessment of basic services and transport InfraStructure) е поддржан од програмата на Генералниот директорат на Европската цивилна заштита и операции за хуманитарна помош, DG – ECHO при Европската комисија. Во проектот покрај ИЗИИС учествуваат и: Центарот за управување со кризи, Скопје, Македонија; EUCENTRE од Павиа, Италија, Универзитетот Аристотел од Солун, Политехничкиот Универзитет од Тирана, (сл. 1). Во овој меѓународен проект ИЗИИС се јавува во улога на координатор, привилегија која е реткост за македонски институции во меѓународни проекти финансирани од Европската Унија. Секако тоа носи и голема одговорност во целиот процес: од подготовка на предлог-проектот, аплицирање, преговарање, менаџирање и навремена реализација на сите планирани активности. Проектот се реализира во периодот ноември 2020 г., ноември 2022 г., односно 24 месеци.
Посебно за истакнување и воедно за поздравување е и учеството на Центарот за управување со кризи, кој како активен партнер во проектот треба да ги имплементира главните резултати и во пракса да покаже дека научните достигнувања треба и мора да имаат примена во правец на изградба на општество отпорно на катастрофи – resilient society.
Во продолжение ќе бидат презентирани главните цели на проектот, како и резултатите од досегашните реализирани активности.
Сл. 1 Проект CRISIS – партнер институции
1. Вовед
Европскиот континент има историја на природни катастрофи: земјотреси, поплави, лизгање на земјишта, суши, екстремни температури, шумски пожари и бури кои предизвикуваат големи економски, социјални и еколошки последици и влијаат врз благосостојбата на луѓето и општеството на подолг временски период. Овие природни катастрофи, неретко го надминуваат капацитетот на една држава за управување со вонредна ситуација после природна катастрофа и ја нагласуваат потребата од меѓудржавна и регионална соработка. Дополнително на тоа и нивото на подготвеност и превенција на системите не е идентично, варира од земја до земја, при што, за да се постигне потребното ниво на подготвеност, потребно е да постои добра координирана регионална и меѓународна соработка, која ќе ги вклучи современите научни сознанија од областа на менаџирање ризици од природни катастрофи.
Проектот CRISIS има за цел подобрување на управувањето со последиците од природни катастрофи преку изградба на усогласен и ефикасен систем за процена на ризикот на виталните објекти и транспортната инфраструктура во пограничниот регион на Македонија, Грција и Албанија.
Регионот предложен за погранична соработка всушност го претставува централниот дел од Балканскиот Полуостров кој има „добра“ историја на сеизмички настани како и појави на геотехнички нестабилности поточно лизгање на земјиштето. Доказ за интензивната сеизмичка активност во овој регион се земјотресите со магнитуда поголема од шест (M > 6) (1906, Охрид, M = 6.00; 1911, Охрид, M = 6.70; 1912, Охрид, M = 6.0; 1920, 1930 Валона, M = 6.0; 1931, Валандово, ML = 6.00; 1931, Валандово, M = 6.70; 1942, Дебар, M = 6.00; 1960 Корча M = 6.4; 1967, Дебар, M = 6.50). Лизгањето на земјиштето во регионот е исто така хазард со добропозната историја, чија појава предизвикува сериозни штети на инфраструктурата. Наглото топење на снежните покривки, обилните и долготрајни дождови, неконтролираното сечење на шумите, земјотресите, придонесуваат кон зголемен потенцијал за појава на нестабилности кај природните косини, но и кај „вештачките“ незаштитени косини. Само во последниве неколку години сведоци сме за целосен или за делумен прекин на сообраќајот на повеќе патни правци во овој регион, токму поради појава на нестабилности на косините (лизгање на земјиште, одрони и сл.). Сеизмичкиот и геотехничкиот хазард во проектот се идентификувани како едни од клучните природни хазарди кои имаат потенцијал да предизвикаат значителни проблеми и штети во овие погранични региони и поради тоа се јавува потребата од организирање на системите на начин кој ќе овозможи ефикасно и навремено справување со ризиците на објектите од виталните сервиси (болници, училишта) и транспортната инфраструктура (мостови).
На крајот од овој воведен дел треба да се потенцира дека проектот е во фаза на реализација, дел од предвидените активности се завршени, а секако дел се во тек. Најнови информации за проектот може да се добијат на сајтот на проектот www.crisis-project.org како и на профилите на проектот на социјалните мрежи.
2. Цели на проектот
Главната цел на проектот CRISIS е да обезбеди солидна основа за развој на кооперативен приод кон превенција и подготвеност во управување со катастрофи во пограничните региони на соседните земји лоцирани во регионот на Западен Балкан. Во рамките на проектот, дефиниран е сеопфатен модел на изложеност кој е заснован на идентификуваните релевантни добра поврзани со виталните објекти и транспортната инфраструктура изложени на природни хазарди релевантни за регионот од интерес. За ефективното управување со вонредни ситуации во развојна фаза е веб-платформа која ќе ги обединува природните хазарди, моделот на изложеност, како и анализата на различни сценарија на ризик. Развиената методологија и веб-платформа претставуваат солидна основа за постигнување одржливост во однос на креирање мрежа од компетентни тела и развој на планови за управување со ризикот во пограничните региони.
Транспортната инфраструктура во овој пограничен регион значи проток на луѓе, на материјални добра, ланци за достава на храна, вода, гориво, медицински средства, кои ги задоволуваат есенцијалните потреби на животот на населението во тие региони. Привремено или целосно затворање на протокот низ пограничните региони ќе има негативно влијание на економските и општествените функции. Овие системски и каскадни последици од природните катастрофи повикуваат на посветување големо внимание во националните процени и управување со ризикот од катастрофи. CRISIS има за цел да ја зголеми отпорноста на критичната инфраструктура во вонредна ситуација по катастрофални настани преку превентивни мерки и ефективно управување со ресурсите, со фокусирање врз процена на ризикот поврзан со виталните објекти, (здравствени и образовни институции, институциите кои одговараат на вонредни ситуации) и транспортната инфраструктура.
3. Главни активности
Проектот се реализира преку 4 главни активности (сл. 2):
- Идентификување природни хазарди во пограничниот регион кои имаат влијание врз функционирањето на виталните објекти (здравствени установи, установи кои се справуваат со вонредни ситуации, образовни установи итн.), како и на транспортната инфраструктура.
- Преглед на постојната легислатива (ЕУ и регионална) поврзана со управувањето со вонредни ситуации и ризици. Анализа на предностите и недостатоците со цел да се идентификуваат постојните пропусти и тесни грла.
- Процена на ризикот на виталните објекти и транспортната инфраструктура како основа за дефинирање на клучните места во целокупниот систем за управување со вонредни ситуации и катастрофи.
- Развој на геореференцирана веб-платформа која ќе содржи податоци поврзани со: виталните објекти и транспортната инфраструктура од пограничниот регион, природните хазарди и параметри на повредливост на сите елементи изложени на ризик. Оваа платформа треба да биде во состојба да обезбеди брза информација за хазардот, моделот на изложеност и ризикот и ќе обезбеди процена на можните загуби и прекини на критичните функции.
Сл. 2 Генерален блок-дијаграм на проектот
Проектот започна со дефинирање на хармонизиран регионален модел на изложеност на ризик на здравствени и образовни установи, установи за одговор на вонредни ситуации и транспортна инфраструктура врз основа на идентификувани природни хазарди релевантни за пограничниот регион. Поконкретно, се реализира пример- студија за пограничниот регион меѓу Македонија, Грција и Албанија со опфаќање елементи од виталните објекти и транспортната инфраструктура. Главната идеја за развој на овој приод е неговата реупотреба, односно истиот да може да се примени и за други модели на изложеност, различни типови на хазарди и дефинирање различни сценарија на ризик. Притоа особено внимание се посветува на обука и дисеминација на развиените алатки и инструкции за поширока употреба на европско ниво. Главни корисници ќе бидат јавни и државни органи надлежни за управување со вонредни ситуации. Како што беше претходно спомнато, Центарот за управување на кризи е партнерот во кој најпрво ќе се имплементираат резултатите од овој проект, но секако корист ќе имаат и други институции кои работат во полето на управување со катастрофи и превенција на ризик (Националната платформа за намалување на ризици од катастрофи, осигурителната индустрија и др.).
4. Концепт и методологија
Основа на целата методологија е процената на ризиците поврзани со виталните објекти и транспортната инфраструктура, за релеватни хазарди во анализираниот регион и истата се базира на развој на сеопфатен модел на изложеност на виталните објекти и транспортната инфраструктура, проценка на повредливоста на различни групи на елементи изложени на ризик и дефиниција на најверојатните и најнеповолни сценарија на ризик.
Предложената методологија, предвидува 4 главни и меѓусебно поврзани процеси и тоа (сл. 3):
- Процена на природни хазарди
- Процена на потребите на институциите за управување со кризи
- Процена на ризиците
- Развој на веб-платформа
Сл. 3. Концепт-шема на методологијата |
Процената на повеќе хазарди вклучува идентификација на природните хазарди во пограничниот регион, со посебен осврт на проценка на сеизмичкиот хазард и лизгање на земјиштето. Веќе е направено хармонизирано мапирање на сеизмичкиот хазард (сл. 4) и лизгање на земјиштето (сл. 5), со користење современи методологии засновани врз веројатносни и детерминистички приоди, како неопходен влез за проценка на ризикот.
Сл. 4 Сеизмички хазард за пограничниот регион за повратен период од 475 г. и 975 г.
Сл. 5 Карти на очекуванo трајнo поместувањe (Permanent ground displacement – PGD) за различни земјотресни сценарија т.е. за земјотрес со повратен период од 475 г. и од 975 г.
Паралелно, со процената на повеќе хазарди, извршена е процена на потребите на институциите за управување со кризи, заедно со сеопфатен преглед на литература, како стратешки чекор во идентификување на нивните потреби и надминување на евентуалните проблеми.
Како паралелна компонента на горенаведените три методолошки процеси кои се веќе реализирани (хазарди, проценка на потребите и повредливост на моделот), се реализира и развојот на веб-платформата во ГИС опкружување кое треба да овозможи, просторен приказ на регионалниот (пограничен) ризик, нагласувајќи приоритетни активности и соодветна распределба на ресурси за ефикасно управување со вонредни состојби и катастрофи во таргетираниот регион.
Предложената методологија претставува ефикасен и веродостоен начин на развој на финалниот производ, односно платформа која директно ќе се користи од страна на институциите за цивилна заштита и управување со кризи во пограничниот регион (first responders), со што ќе се формира основа за иден развој на мрежи од тела компетентни за управување со катастрофи како и развој на доверливо и ефикасно управување со катастрофи.
5. Работни пакети
Целокупната активност во проектот се реализира низ 6 работни пакети (working packages). Секој работен пакет потоа е структуриран во повеќе активности т.н. задачи (tasks). Таскот е основна форма на проектот низ кој се реализира дадена активност и вообичаено резултира со извештај (deliverable). За ефикасно следење на активностите и контрола на текот на реализацијата предвидени се и т.н. milestones кои се контролни точки за времетраење на проектот. Ова се некои од карактеристичните и задолжителни форми кои треба да ги има секој проект финансиран од Европската Унија (H2020, Horizon Europe, ..).
Во продолжение ќе бидат презентирани работните пакети на CRISIS.
WP-1: Управување со проектот |
Во рамките на овој работен пакет, е обезбедено централно менаџирање на проектот од страна на координаторот (ИЗИИС) и координација на активностите на сите други работни пакети. Меѓу главните активности на овој пакет е комуникација со Европската комисија (project officer) за сите административни и финансиски аспекти на проектот. Проектот CRISIS е координиран од страна на ИЗИИС преку Комитетот за управување со проектот. Предвидени се четири нивоа на управување: координатор на проектот, управувачки одбор на проектот, лидери на работни пакети и лидери на таскови. Внатрешна експертска комисија ќе обезбедува контрола на квалитет на испорачаните резултати. Формиран е и надворешен советодавен комитет на проектот кој се состои главно од членови од експертските институции. Овој работен пакет е постојано активен и се реализира во цело времетраење на проектот.
|
|
|
WP-2: Процена на повеќе хазарди во прекуграничниот регион |
Работниот пакет 2 (WP2) има за цел да ги идентификува релевантните природни хазарди за пограничниот регион кои имаат потенцијал да влијаат врз функционирањето на виталните објекти, како и врз транспортната инфраструктура. Во тој контекст во пакетот се реализираа опсежни анализи на хазард, со цел да се дефинира нивната повторливост и јачина. Посебен фокус е даден на сеизмичкиот и на геотехничкиот хазард (лизгање на земјиштето). Историски, селектираниот пограничен регион е многу добропознат како територија карактеризирана со висок сеизмички хазард и потенцијал за нестабилност на тлото. За таа цел, хармонизирана процена на сеизмичкиот хазард и хазардот од лизгање на земјиште е од извонредна важност за веродостојна процена на ризикот. За да ја постигне својата цел, овој работен пакет вклучува идентификација на природните хазарди; хармонизација и мапирање на сеизмичкиот хазард во прекуграничниот регион; хармонизација и мапирање на сеизмичкиот хазард поврзан со лизгање на земјиште; и дефинирање на потребните влезни параметри за проценка на ризикот.
|
|
|
WP-3: |
Активностите вклучени во рамките на овој работен пакет (WP3) се фокусирани на аналитички преглед на постојни документи како на европско така и на регионално ниво поврзани со управување со вонредни ситуации и ризик од катастрофи. Извршена е оцена на предностите и недостатоците на досегашната пракса (постапки, процедури) со цел да се детектираат евентуални слабости и т.н. тесни грла. Спроведени се анкети по регионалните канцеларии на институциите за релевантни информации кои овозможуваат појасна слика на институционалниот и правниот контекст на управување со вонредни ситуации во пограничните региони. Истовремено се идентификувани барањата на телата за управување со катастрофи и вонредни ситуации како едни од корисниците на резултатите од проектот. На тој начин се обезбедува солидна основа врз која може да се развиваат конзистентни решенија интегрирани во еден кооперативен приод за процената и управувањето со ризикот од природни катастрофи во пограничните региони.
|
Процена на потребите, анализи на тесни грла и преглед на легислативата на ЕУ и на регионалната легислатива како и истражувања поврзани со процена на ризикот и управувањето со катастрофи |
|
WP-4: |
Во овој работен пакет се дефинираат методите за веродостојна процена на ризикот поврзан со виталните објекти и со транспортната инфраструктура како основа за подобрување на целокупниот систем за управување со вонредни ситуации и катастрофи. Предложената процена на ризикот се реалзира на сеопфатен модел на изложеност кој ги опфаќа сите релеванти елементи на ризик поврзани со виталните објекти и транспортната инфраструктура во пограничниот регион. Клучна фаза на овој работен пакет е анализа на повредливоста на репрезентативната типологија на згради и мостови во врска со идентификуваните нивоа на сеизмички хазард и хазард поврзан со лизгање на земјиште. Дефинирани се и анализирани неколку најверојатни и екстремни сценарија на ризик како важна точка за понатамошна анализа и планирање на управувањето.
|
Процена на ризикот поврзан со виталните објекти и со транспортната инфраструктура во прекуграничниот регион |
|
WP-5: Платформа на база на податоци за управување со ризик и вонредни ситуации во пограничниот регион |
Целта на овој работен проект е да се развие геореференцирана веб- платформа која содржи податоци поврзани со виталните објекти (здравствени установи, установи за одговор на вонредни ситуации, образовни установи и др.) и критичната транспортна инфраструктура. Поконкретно, резултатите од претходните работни пакети и достапните бази на податоци ќе бидат интегрирани во една алатка која ќе дава брзи информации за ризикот поврзан со моделите на изложеност. Притоа може да се симулираат и различни сценарија за анализи на загуби, оштетувања, прекини на критичните функции и сл. Уште повеќе, клучната предност на оваа алатка ќе биде способноста да обезбеди, за време на вонредна ситуација, ефикасна и навремена процена на алтернативните патишта за достава на брза прва помош, капацитети за евакуација, за прием на повредени лица и др., што се неопходни елементи во системот на управувањето во пограничните региони. Овие карактеристики ќе бидат особено релевантни за подготвеност на телата за управување со катастрофи и вонредни ситуации. Веб-платформата се базира на четири главни модули: 1) Идентификација на пограничните витални објекти и транспортната инфраструктура кои се подложни на оштетувања; 2) Податоци за хазарди во пограничниот регион; 3) Мапи на ризик и индикатори засновани врз сценарија; 4) Евидентирање на различните елементи изложени на ризик од аспект на влијание врз целокупната функционалност на регионалното прекугранично портфолио. Веб-платформата треба да овозможи јасна и прегледна графичка околина, која на лесен начин ќе им ги обезбеди најпотребните информации за ризиците на крајните корисници.
|
|
|
WP-6: Користење, дисеминација и комуникација |
Главни цели на овој работен пакет се активностите за дисеминација на постигнувањата од проектот на што поширок круг на заинтересирани страни со помош на современи алатки и приоди: интернет, социјални мрежи, промотивен материјал, презентации, состаноци со заинтересирани институции, работилници, обуки и сл. Основните активности во овој пакет меѓудругото се:
|
|
Процесот на дисеминација како еден од многу важните критериуми за успешно реализиран проект е поддржан и од страна на DPPI-SEE (Иницијатива за подготвеност и превенција на катастрофи за Југоисточна Европа; http://www.dppi.info/).
6. Придобивки за крајните корисници (beneficiaries) и за заинтересирани страни (stakeholders)
Една од основните идеи на проектот е резултатите и постигнувањата од активностите да бидат имплементирани првенствено од корисниците (beneficiaries), а потоа и од сите заинтересирани страни (stakeholders) кои се вклучени во системот за управување со кризи во случај на природни катастрофи. Главните резултати од проектот, односно, алатките за процена на ризикот во скоро реално време ќе им даде основа на институциите за заеднички, ефикасен и сеопфатен одговор на случената катастрофа во пограничниот регион. Ова значи дека, во случај на вонредна ситуација или катастрофа, процената на ризикот поврзан со виталните објекти и транспортната инфраструктура ќе биде достапна за сите три земји од пограничните региони и ќе може да се изврши навремено оптимизирање и соодветно распределување на ресурсите за справување со последиците од катастрофата. Дополнително на тоа, ќе се подобрат знаењата како и општата доверба меѓу партнерите инволвирани во проектот, корисниците како и другите заинтересирани страни. Важна додадена вредност од проектот е и идентификација на „слабите“ места и капацитети на виталните објекти и транспортната инфраструктура во пограничниот регион. Подоброто разбирање на овие елементи и зголемување на пограничната соработка со промовирање размена на добра пракса, примери како и споделување методи и искуства е исклучително важен сегмент за јакнење на меѓусебната доверба не само помеѓу соседните земји туку и надвор од нивните граници. Ова е особено релевантно од моментот кога CRISIS ќе опфати земји кои не се дел од овој регион, а се дел од ЕУ, земји блиски и поврзани, земји кои по силата на природата споделуваат слични хазарди.
6.1 Европска додадена вредност на проектот
Географски фокус на проектот претставува пограничниот регион меѓу Северна Македонија, Албанија и Грција (сл. 6) кој се состои од 18 општини во Македонија, 11 области во Албанија и 12 општини во Грција. Овој регион се карактеризира со висок сеизмички хазард кој е под директно влијание на неколку погранични епицентрални зони кои имаат потенцијал да предизвикаат земјотреси со максимално очекувани магнитуди во ранг МL= 6.0 – 6.5.
Сл. 6. Пограничен регион Македонија – Грција – Албанија
Исто така, по својата топографија, литологија, распределба на вегетациски покривач, метеоролошки услови, и други фактори, овој регион укажува на висок ризик од појава на свлечишта. Поради овие причини, од голема важност е развивањето на погранични хармонизирани модели на хазард и процена на ризикот, како и развивање заедничка платформа за споделување податоци/информации за ризикот.
Проектот CRISIS во прва фаза е дизајниран да има регионална димензија, меѓутоа со учество на другите партнери проектот има можност да добие и европска/транснационална димензија.
Директна корист од оваа акција имаат главните корисници, односно, партнерите од Македонија, Албанија и Грција (кои го споделуваат пограничниот регион), а Eucentre, Pavia, Италија, како партнер во проектот, обезбедува трансфер на искуства и знаења и воедно ги зајакнува врските со истражувачките центри со овој регион. На проектот исто така може да се гледа како на пилот-проект кој подоцна може да се примени на национално и пошироко на регионално ниво. Платформата која се развива во рамките на проектот е со модуларна структура и може лесно да се адаптира за поширокиот регион, со можности за надградба на повеќе хазарди и симулација на различен број на сценарија. Директната и голема поддршка на проектот од страна на DPPI-SEE ќе обезбеди транснационална димензија на проектот во рамките на Југоисточна Европа и на пошироката заедница која е посветена на намалување на ризикот од катастрофи (DRR).
7. Резултати
Очекуваните резултати од проектот CRISIS може да се синтетизираат на следниот начин:
Обезбедување научно базирани резултати за подобро разбирање на пограничната димензија на ризиците и нивното влијание врз виталните сервиси и транспортната инфраструктура.
- Развој на холистичкиот пристап во оцена на ризиците врз база на хармонизирани карти на сеизмички хазард и потенцијал од појава на лизгање на земјиштето за пограничните региони.
- Поддршка на институциите задолжени за управување и справување со природни катастрофи преку регионална веб-платформа која ќе ги содржи сите елементи на моделот на изложеност и евалуација на ризиците за различни сценарија на природни хазарди.
- Интензивирање на соработката и координацијата на соседните држави преку зајакнување на регионалните политики и протоколи за прекугранична соработка во делот на организација, планирање и управување на вонредни состојби предизвикани од природни катастрофи.
Постигнувањето на горенаведените резултати ќе ги промени и подобри условите под кои, во моментов, државните органи донесуваат одлуки (министерства, институции кои управуваат со кризи, здравствени власти и агенции задолжени за безбедност на транспортните системи). Тие институции во процесот на донесување одлуки ќе добијат релевантна информација за ризикот од соодветниот природен хазард и ќе ги предвидат можните загуби за да извршат оптимизација на ресурси и да дефинираат приоритетни дејства. CRISIS ќе ги обезбеди неопходните алатки за локалните и регионалните тела за оцена на ризикот поврзан со виталните сервиси и критичната инфраструктура. Ќе бидат изработени упаства за тоа како да се воспостави функционална погранична мрежа од компетентни тела на национално и регионално ниво за специфични ризици, а согласно препораките за соработката во полето на цивилна заштита и управување со ризикот од катастрофи, Канцеларија за публикации на Европската Унија, Луксембург 2019, ISBN 978-92-79-98366-5, JRC114650.
Гледани глобално, резултатите и целите на проектот се компатибилни и во согласност со четирите приоритетни активности од Рамката на ОН од Сендаи (The Sendai Framework on Disaster Risk Reduction (2015-2030)) за создавање општества отпорни на катастрофи и намалување на ризиците и загубите од катастрофите.
Благодарност
Проектот CRISIS е финансиран од Европската Унија од страна на Европската комисија, Генерален директорат на Европската цивилна заштита и операции за хуманитарна помош, DG – ECHO. Финансиски грант – Grant Agreement number: 101004830 — CRISIS — UCPM-2020-PP-AG.
Тимот на ИЗИИС им се заблагодарува за учеството и за соработката на сите партнерски институции во рамките на проектот: Центарот за управување со кризи (ЦУК), Влада на Република Северна Македонија, Универзитетот Аристотел од Солун, Грција, Политехнички универзитет во Тирана, Албанија и Европски центар за обука и истражувања во полето на земјотресното инженерство (EUCENTRE), Павиа, Италија.
Автори
проф. д-р Влатко Шешов, проф. д-р Роберта Апостолска, вон. проф. д-р Марија Витанова, вон. проф. д-р Радмила Шалиќ, вон. проф. д-р Јулијана Бојаџиева, вон. проф. д-р Марта Стојмановска, вон. проф. д-р Кемал Едип, вон. проф. д-р Александра Богдановиќ, проф. д-р Игор Ѓорѓиев, доц. д-р Горан Јекиќ