Насловна / Вести / Изградена атмосферска канализација во Кочани

Изградена атмосферска канализација во Кочани

M3367S-4504
Со монтирање на одводните цевки на дел од улицата „Глигор Прличев“ во Кочани до коритото на Кочанска река, заврши поставувањето на атмосферската и фекалната канализација во најкритичните делови во градот.

Со ова се создадени услови за прифаќање на поројните води создаваа проблем за жителите од централното градско подрачје.

– За оваа намена од Општина Кочани добивме финансиски средства од 16 милиони денари и работиме според однапред договорената програма, изјави Љупчо Папазов, директор на Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ од Кочани.

Досега е изработена и поставена атмосферска и фекална канализација и на улиците „Маршал Тито“, „Кеј на револуцијата“ и „Стево Теодосиевски“, со што е прифатена водата од улиците во централното градско подрачје.

Испрати коментар

Scroll To Top