Изградбата на станови во САД драстично падна во октомври оваа година, откако темпото спласна поради значајното „заладување‟ на пазарот на недвижности. Започнувањето на изградба на куќи и станбени згради опадна минатиот месец 11,0 отсто на 1,06 милион домови. Изградбата на семејни куќи опадна за 2,4 отсто, додека најголемо влијание на минатомесечното намалување на изградбата на станови имаше огромниот пад на бројот на нови станбени згради за 25,5 отсто.