Минатиот месец „НОМАГАС“ и DESFA потпишаа договор за надзор на изградбата на првиот гасен интерконектор помеѓу Македонија и Грција, а финансирањето на надзорот и административна поддршка во реализацијата на проектот е обезбедена преку WBIF програмата, со потпишан договор за инвестициски грант од ЕИБ во износ од 2,5 милиони евра.
Планирано е интерконекторот за природен гас да биде долг 123 километри, поврзувајќи ги двата национални системи. Почетниот капацитет ќе биде 1,5 милијарди кубни метри, со можност за проширување до 3 милијарди. Исто така, работени се и студии со цел гасоводот да биде соодветен и за транспорт на водород. Изведбата започнува веќе на почетокот на 2024 година, а планирано е проектот целосно да се заврши до средината на 2025 година.