Од Министерството за рударство и енергетика на Србија, соопштуваат дека изградбата на гасниот интеркoнектор Бугарија – Србија е особено значајна за диверзификација на снабдувањето со природен гас од други правци и од други добавувачи. Според министерката Зорана Михајловиќ, во текот на месец ноември треба да се започне со изградбата на српскиот дел од овој интерконектор, односно гасоводот Ниш – Димитровград. Таа додала дека сеуште не е извесно дали преку овој гасовод ќе се обезбедува гас од Азербејџан, Израел или Кипар, но сосема е извесно дека станува збор за нов извор на снабдување. Михајловиќ посочува на важноста од изградбата на оваа инфраструктура која е планирано да се заврши за две години. Таа се осврнува и на актуелната енергетска криза, критикувајќи ги јавните претпријатија кои се нашле неподготвени пред новонастанатата ситуација. За гасниот интерконектор, Србија има обезбедено средства од Европската Унија.