Насловна / Вести / Изградбата на далеководот помеѓу Србија и Романија во полн интензитет

Изградбата на далеководот помеѓу Србија и Романија во полн интензитет

dalnovodi-transbalkanski-koridor

Изградбата на интерконекцијата меѓу Србија и Романија на 400 kV напонско ниво се одвива во полн ек, откако во март годинава започнаа подготвителните работи. Се работи за далековод од трафостаницата Панчево до романската граница, кој е од стратешка важност за Србија бидејќи се работи за дел од т.н. Трансбалкански коридор кој ги поврзува електроенергетските системи на Италија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија и Романија.

dalnovod-montiranje

Овој значаен инфраструктурен проект ќе придонесе за сигурност и доверливост на националните електроенергетските системи на споменатите земји. Должината на далеководот на територијата на Србија изнесува 68 километри, проктот се финансира од сопствени средства на ЈП „Електромрежа Србије“, а се очекува да се стави во функција на крајот на 2017 година.

dalnovod-proektiranje

Претходно веќе објавивме за активностите од Трансбалканскиот коридор на теритотријата на Црна Гора, односно изведбата на поморски кабел низ Јадранското Море за обезбедување на интерконекција со Италија.

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top