Насловна / Вести / Изградбата на брзата железница во Калифорнија доцни и надминува 100 милијарди долари

Изградбата на брзата железница во Калифорнија доцни и надминува 100 милијарди долари

Ако постоеше награда за мегапроекти кои ги мачи лоша среќа, проектот за брзата железница во Калифорнија ќе беше најверојатниот кандидат за наградата. Проектот за брза железница планира да ја поврзе Калифорнија и ќе биде првиот железнички систем со големи брзини во САД кога ќе биде завршен. Првата фаза од проектот ќе го поврзе Сан Франциско со басенот на Лос Анџелес. Втората фаза ќе ја продолжи линијата до Сакраменто и Сан Диего, на вкупно 800 милји односно 1.287 километри со 24 станици.

1

Брзата линија, каде е планирано возовите да се движат со 320 километри на час е носител на стандардот за државниот план за модернизација кој ќе вложи милијарди во локалните и регионалните железници.

Првата фаза дава приоритет на потегот од 830 километри од Мерсед, Сан Франциско, до Анахајм во Лос Анџелес, при што сегашното 10-часовно патување се очекува да биде скратено на само три часа.

2

Stantec, инженерската фирма одговорна за проектот, се надева дека на него ќе се гледа како пример за тоа како другите земји можат да ја подобрат својата инфраструктура. „Брзата железница ќе го подобри транспортниот пејзаж во Калифорнија, со потенцијал да влијае на транспортот на национално ниво“, изјави Брајан Норис, водач на транспортната деловна линија на Stantec.

„Иднината на транспортот ја гледаме како чиста, зелена и подобро проектирана за патниците и заедниците. Брзата железница во Калифорнија е значаен чекор во вистинската насока“.

0

Меѓутоа, проектот не само што го надминува буџетот, туку и на големо доцни. Кога проектот е одобрен во 2008 година, имал почетна цена од 33 милијарди долари, но тој буџет оттогаш се зголеми на најмалку 100 милијарди долари. Оптоварен со доцнења, проектот требаше да биде завршен до 2020 година, а сега постои опасност да го надмине следниот рок, а тоа е 2030 година. Многу од проблемите што го мачеа проектот беа резултат на прифаќањето на најниската понуда од изведувачите кои првично го поставија проектот на погрешен начин со неточни проценки на трошоците. Калифорниската управа за брза железница (CHSRA), која го надгледува проектот, вели дека е постигнат напредок на железницата и покрај сите застои.

3

Испрати коментар

Scroll To Top