На градилиштето на автопатот „Сурчин – Обреновац“ на Коридорот 11, работите се изведуваат со предвидената динамика. Секој ден на градилиштето се ангажирани по 200 работници и надлежните се уверени дека до крајот на 2019 работите комплетно ќе бидат завршени со што ќе се овозможи спојување на Коридор 11 и Коридор 10. Изведувач на работите е кинеската компанија CCCC.
Овој значаен зафат за инфраструктурата на Србија предизвика интерес кај екипата на германскиот јавен ТВ сервис ZDF, која снима пообема репортажа за кинеските инвестиции во Србија, нивното значење за Србија, но и за сомневањата на ЕУ кон инвестициите од Кина.