Тим архитекти и граѓани од населбата St. Pauli во Хамбург, добија дозвола за подготовка на предлог проект за пренамена на бункер од Втората светска војна во оваа населба. Предлогот предвидува изградба на „зелена планина“ односно градина на покривот од овој бункер заедно со други содржини. Бункерот служел за противавионска одбрана на градот во текот на војната. Денес, овој реликт од војната е домаќин на популарниот ноќен клуб Übel & Gefährlich, музичко училиште, продавница за инструменти и фотографско студио. Иницијативата за градина на покривот датира од 2014 година. Проектот предвидува зголемување на височината на објектот од 40 на 59 метри и додавање на уште неколку содржини како хотел и градинка.